Евертон плати само 12 милиони фунти за Родригез

Трансферот на играчот за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез, го чинеше Евертон многу помалку отколку што првично се очекуваше. „Карамелите“ платија само 12 милиони фунти, а не 20 како што се најавуваше, објави  Би-Би-Си.

Дваесет и деветгодишниот Колумбиец потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул. Договорот предвидува можност за продолжување на уште една сезона.

Ова е трет пат како Хамес се приклучува на екипите кои ги предводи Карло Анчелоти. Пред тоа под водство на Италијанецот играше во Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close