Евертон подготвува понуда за италијански напаѓач

– Евертон подготвува понуда вредна 44 милиони фунти за напаѓачот Андреа Белоти од Торино.

Менаџерот на англискиот клуб Карло Анчелоти навистина ја сака играта на Белоти и дури двапати направи неуспешни обиди да го привлече кога беше тренер на Баерн (Минхен) и Наполи.

Дваесет и шест-годишниот италијански интернационалец има постигнато 72 голови во Серија „А“ во последните пет сезони, вклучувајќи и девет на 23 одиграни натпревари оваа сезона.

За напаѓачот се заинтересирани и Наполи, Фиорентина и Милан.

Back to top button
Close