ЕВН: Нема приватни броила во ГТЦ, се носи струја до трафостаница а потоа се дели по дуќаните

ЕВН носи струја до главната трафостаница на Градскиот трговски центар, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор, соопшти електродистрибутерот ЕВН.

Министерството за внатрешни работи, пак, вчера по акцијата за откривање кражба на струја поради копање крипто валути, соопшти дека во подрумските простории на ГТЦ не се краде струја. Оттаму велат дека се извршени разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што полицијата утврдила дека за броилата за кои вели дека се во приватна сопственост, не е утврдена каква било кражба на електрична енергија.

Компанијата ЕВН врши дистрибуција на електрична енергија до главната трафостаница, а потоа струјата се распределува до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор во ГТЦ, но тоа го прави акционерското друштво.

– Во конкретниот случај, ГТЦ поседува свои приватни трафостаници, а Електродистрибуција врши мерење на потрошувачка на среден напон, односно на 10кВ. Ова значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија – велат од компанијата.

Back to top button
Close