Еворамбасадорот во Тирана, Сореца позитивен на Ковид-19

Амбасадорот на Европската унија во Тирана, Луиџи Сореца е позитвен на Ковид-19.

Веста вечерва ја соопшти лично Сореца преку статус на социјалните мрежи, наведувајќи дека тој е во „ добра здравствена сосотјба заедно со другите членови од семејството“ и упатува апел до сите да ги почитуваат мерки за заштита од опасниот врус.

-По направениот тест добив позитивен резултат, дека сум заразен со Ковид-19 иако строго се придржував на мерките за заштита. Добар сум со здравјето, како и моето семејство. Јас сум во самозолација во мојот дом од каде ќе продолжат со редовната работа. Грижете се за вашето здравје и почитувајте ги мерките, напиша Сореца.

Ов е прв случај на заразен од вирусот на висок странски дипломат во Тирана.

Од друга страна заразени со Ковид-19 има меѓу членовите на дипломатските претставништва, како што тоа беше и претставникот на руската амбасада Алексеј Кривошеев, кого албанскте власти го протераа минатата недела поради „непочитување на анти-ковид мерките“. вт/

2021-01-28 20:42:35, од Вера Тодоровска, Тирана

Back to top button
Close