Евра проговори за расизмот кој владее во француската репрезентација

– Една од легендите на француската репрезентација – Патрис Евра, отворено зборува за расизмот што владее во селекцијата на „петлите“. Евра призна дека значителен дел доаѓа од првиот човек на Француската фудбалска федерација – Ноел Ле Гра, кој секогаш тврди дека нема дискриминација во националниот тим.

– Тој мора да биде сменет. Имам одговори на тоа зошто и што се случува во базата во Франција. Дали воопшто знаете колку има расизам? Колку дискриминаторски пораки доаѓаат?, започна Евра.

Поранешниот играч на Монако, Манчестер Јунајтед, Марсеј и Јувентус продолжи со шокантните детали.

– Имаме одредени места во базата, без разлика дали доаѓаат претседатели или политичари. На почетокот ме ставија на крајот од масата, каде што беа Бакари Сања и Мамаду Сако. Хуго Лорис и Лоран Кошиелни секогаш седат на средина, каде што стои претседателот. Ние знаеме за овие „правила“. Ако претседателот сака слика, подобро е да ја направи со Лорис и Кошчелни отколку со Сања и Сако,додава тој.

Поранешниот дефанзивец откри и разни писма што пристигнале до тренерот Дидие Дешамп.

– Сум видел неколку пораки како доаѓаат од Клерфонтен. Еден од нив гласеше: „Дидие, земи ги мајмуните и однеси ги во Африка. Ослободете се од овие мајмуни и горили“. Колку беа овие пораки? Многу, но тие се кријат. Во базата пристигнаа и кутии со фекалии, кои биле наменети за нас, ја шокираше Евра јавноста.

Патрис има одиграно 81 натпревар за репрезентацијата на Франција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close