Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Израелската војска (ИДФ) уапси шест еврејски доселеници во окупираниот Западен Брег.

ИДФ соопшти дека ги забележала доселениците како се движат кон затворена воена зона во близина на палестинското село Кафр Малик, каде што неколку дена претходно запалиле палестински домови и возила. Овој пат, доселениците вербално и физички нападнале израелски војници.

Дополнително, доселениците вандализирале и оштетиле возила на израелските безбедносни сили. Според прелиминарната истрага на ИДФ, војниците испукале три истрели во воздух за да ги спречат немирите. Шестмина осомничени биле уапсени и предадени на полицијата.

-ИДФ и израелската полиција го осудуваат секој чин на насилство врз безбедносните сили и ќе дејствуваат решително против секој обид да се наштети на безбедносниот персонал кој ја извршува својата должност да ги заштити израелските граѓани, се вели во соопштението на ИДФПовеќето израелски политичари ги осудија нападите на доселениците врз израелските безбедносни сили. Премиерот Бенјамин Нетанјаху повика на темелна истрага и оние што ги нападнале безбедносните сили да бидат изведени пред лицето на правдата.

-Овие лица се мало малцинство кое не го претставува огромното мнозинство доселеници, кои се почитуваат законите и служат во ИДФ и безбедносните сили, рече Нетанјаху.

 

Опозицискиот лидер Јаир Лапид рече: „Екстремистите кои напаѓаат членови на ИДФ се опасни криминалци и им помагаат на нашите непријатели“

Министерот за финансии Безалел Смотрич рече дека треба да има „темелна истрага“ за тоа дали ИДФ пукал врз доселениците, опишувајќи го тоа како „забранета и опасна црвена линија“ што не смее да се премине.

-ИДФ и доселениците се едно исто. Секој што крева рака против војниците на ИДФ се бори против движењето за населување, а не за него. Во исто време, пукањето врз Евреите е неприфатливо и опасно, додаде тој.

Во петокот, Набил Абу Рудеине, портпарол на претседателството на Палестинската самоуправа, рече дека нападите врз доселениците се дел од планот на „екстремистичката десничарска влада“ на Израел да го вовлече Западниот Брег во поголем конфликт.

Кон крајот на мај, Израел одобри масовно проширување на населбите во окупираниот Западен Брег, потег што беше критикуван како фактичка анексија на големи делови од територијата.

Израел планира да воспостави 22 нови населби, вклучувајќи некои длабоко во Западниот Брег и области од кои земјата претходно се повлече. Израелските населби во окупираниот Западен Брег, како и во Источен Ерусалим и окупираната Голанска Висорамнина, се сметаат за нелегални според меѓународното право.

Back to top button
Close