ЕВРО 2020: Англија за прв пат по 29 години со состав без ниту еден играч на Ливерпул и Манчестер јунајтед

 

Англиската фудбалска репрезентација попладнево игра со Хрватска во 1. коло на ЕВРО 2020. Во почетниот состав на англискиот тим нема ниту еден фудбалер од Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Ова е прв пат ваков случај од 1992 година на едно големо натпреварување какви што се Европските првенства и Мундијалите.

На десетина минути пред крајот на дуелот на „Вембли“ Англичаните водат со 1:0.

Back to top button
Close