ЕВРО 2020: Холандија во ефикасен дуел ја совлада Украина

 Репрезентацијата на Холандија ја победи Украина со 3:2 во вториот натпревар од 1.коло во Ц-групата на Европското фудбалско првенство.

Средбата која се одигра во Амстердам понуди здодевно прво и суперефикасно второ полувреме. Холанѓаните поведоа со 2:0 преку Џорџињо Вајналдум и Ваут Вегорст постигнати во 52-та, односно и 59. минута. Во 75. минута Андреј Јармоленко намали на 2:1, а Роман Јаремчук во 79. минута го изедначи резултатот. Победата на домаќините им ја донесе Дензел Дамфрис во 85.минута.

Холанѓаните и Австријците со по три бода се на првите две места, Украинците и Македонците се без бодови по почетното коло во оваа група.

На 17 јуни македонската репрезентација ќе игра со Украина, додека Холандија во Амстердам ја дочекува Австрија.

Back to top button
Close