ЕВРО 2020: Ноер повторно ќе носи капитенска лента со боите на виножитото

Голманот на Германија, Мануел Нојер, ќе се појави на мечот на Европското првенство против Унгарија со капитенската лента во боите на виножитото, пренесува „Судејче цајтунг“.

Триесет и петгодишниот голман играше со оваа лента на натпреварите во групната фаза против Франција (0:1) и Португалија (4:2). УЕФА испита и не најде повреда на прописите.

По две кола од групната фаза, репрезентацијата на Германија освои три бода и се наоѓа на второто место во групата Ф. 

Back to top button
Close