ЕВРО 2020: Погба на прес-конференција по победата над Германија отстрани шише пиво од масата (видео)

 Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0).

Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.

За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол.

Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода. 

Back to top button
Close