Евроамбасадорот Гир: Чисто е – одредницата за македонскиот јазик во рамката е без дообјаснувања


Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир , испрати поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори. Во објава на „Твитер“ , Гир напиша дека македонскиот јазик во преговарачката рамка е без фуснота.

„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“напиша Гир.

Back to top button
Close