Евроамбасадорот Рокас поминал пеш во центарот на Скопје, еве што сликал

Евроамбасадорот Михалис Рокас на „Икс“ објави две фотографии од центарот на Скопје, кај Министерството за финансии, каде, како што вели, денес поминал пеш. Тој останал зачуден од столб на улична светилка за која вели дека изгледа како да ѝ пркоси на гравитацијата.

Иако самиот факт што ова го забележал, а потоа и го фотографирал и го објавил на социјалната мрежа, укажува на тоа дека Рокас не се движи многу често пеш низ центарот на Скопје, тој во секој случај е во право. Во објавата, тој вели дека општинските служби имаат многу работа.

Back to top button
Close