Евробаскет 2025: Германија остана без селекторот
Многу репрезентации за време на шампионатите најчесто имаат проблем со повреди на играчите, но германската кошаркарска репрезентација на Евробаскет 2025 има здравствени проблеми со селекторот. Шпанецот Алекс Мумбру имаше проблеми пред почетокот на првенството кога беше примен во болница.
Репрезентацијата во тој период додека Германија играше во финскиот град Тампере ја водеше еден од неговите помошници Алан Ибрахимагиќ. Токму тој ќе биде предводник на клупата и на следните дуели. Мумбру не е во можност во целост да се посвети на натпреварот.
– Изминативе денови увидов дека физички не сум подготвен да го водам тимот за време на натпревар. Затоа одлучив Алан да ја преземе одговорност главен тренер, а јас и натаму ќе бидам на клупата и ќе продолжиме заедно да работиме. Верувам дека на овој начин ќе бидеме поблиску за да оствариме успех, изјави Мумбру.
Германија во четвртфиналето во среда од 20 часот игра против Словенија.