Евробаскет 2025: Стартуваат осминафиналните дуели
По еден ден пауза на Евробаскетот продолжуваат возбудувањата со првите четири осминафинални мечеви. Репрезентациите веќе немаат право на грешка и пораз, бидејќи тоа ќе значи и автоматски елиминација.
Осминафиналната програма точно напладне (по локално време или 11 по македонско) ќе биде отворена со дуелот Турција – Шведска, а како втори на теренот ќе се појават селекциите на Германија и Португалија (почеток 14:15 часот по македонско време). Во дерби пресметката на осминафиналето домаќинот Летонија ќе игра против Литванија (почеток 17:30 часот), а од 20:45 часот е почетокот на натпреварот Србија – Финска.
Утре (недела) во истите термини се играат другите осминафинални натпревари: Полска – Босна и Херцеговина, Франција – Грузија, Италија – Словенија и Грција – Израел.
Победниците во вторник и среда ќе ги играат натпреварите од четвртфиналето.