Еврокомесар: Пренасочувањето на авионот на Рајанер е „државно пиратство“

Пренасочувањето на патничкиот авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“ од страна на Белорусија на 23 мај претставува „државно пиратство“, изјави денеска еврокомесарот Тиери Бретон.

Бретон истакна дека „ова е неприфатлив инцидент“ по средбата во Литванија со патници од овој лет.

– Не само што е пренасочен европски авион со европски патници, туку повредени се европските вредности, и ние нема да го толерираме тоа, рече комесарот за внатрешен пазар на ЕУ.

Авионот на „Рајанер“, кој леташе од Атина до Вилнус, беше принуден да слета во Минск на 23 мај, при што беа уапсени белорускиот новинар Роман Проташевич и неговата девојка, Русинката Софија Сапега.

– Тоа претставува напад врз Европа и „нема да го оставиме неказнет“, нагласи Бретон, уверувајќи дека ЕУ работи на подготовка на дополнителни економски санкции против Белорусија.

Back to top button
Close