Европа најави нови санкции против Русија ако до крајот на денот не ги запре нападите
Европските земји ќе почнат да подготвуваат нови санкции против Русија доколку Кремљ не почне да го почитува 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина до крајот на денешниот ден, објави германската влада.
Портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин изјави дека „часовникот отчукува“ за Русија да почне да го почитува прекинот на огнот, објави Ројтерс.
Лидерите на четири европски земји, Франција, Германија, Велика Британија и Полска, за време на нивната посета на Киев во саботата, испратија покана до Русија за безусловно примирје во траење од 30 дена од денес.