Европејците сакаат да работат од далечина, но не се согласуваат со намалување на платата
Резултатите од најновото истражување на Европска централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека поголемиот број работници во еврозоната не се подготвени да прифатат помала плата за да ја задржат можноста да работат од дома.
Анкетата покажува дека вработените за два или три дена работа од дома би прифатиле просечно намалување на платата за 2,6 процентите. Додека 13 отсто од испитаниците би прифатиле од еден до пет отсто намалување на платата, додека само осум проценти изјавиле дека се согласни за намалување на платата од шест до 10 отсто.
Но, 70 проценти од вработените не се согласуваат на намалување на платата за работа од далечина.
Од 2019 година до денес двојно е зголемен процентот на луѓе кои повремено работат од далечина и изнесува 22. Голем број компании ги приспособуваат своите политики за работа од далечина, барајќи оптимален модел за своето работење