Европол: Мафијата би можела да се обиде да продре во европските економски мрежи

 Европол предупреди дека криминалните организации би можеле да ја искористат кризата со новиот коронавирус за подлабоко да продрат во европските економски мрежи.

Европол наведува дека поради кризата и проблемите со ликвидноста на фирмите, криминалните организации би можеле да ги снабдат компаниите со илегални пари.

На состанокот организиран од Италија, беше посочено дека постои и конкретна опасност мафијашките групи да се збогатат преку лихварство.

Италија е прва држава во која е формирана посебна единица, која ќе развие стратегија да ја спречи мафијата да продре во легалната економија.

– Мафијашките кланови им нудат помош и услуги на семејствата со цел да се стекнат со удел во компаниите. Мафијата со корупција се обидува да стигне и до државните работи, изави Виторио Рици.

Back to top button
Close