Европол: Поголемиот дел од хакерските напади со барање откуп се извршени од Руси

При денешното сослушување во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, Шилерис призна дека повеќето од овие сторители се владини службеници.
Според него, до неодамна постоеше разлика помеѓу државни и приватни хакери, но ова се промени со напредокот на дигитализацијата. Експертот истакна дека активностите за хакирање најчесто се организирани, со повеќе учесници, а оние што крадат податоци обично немаат друга цел освен профит.
На онлајн платформите каде што не може да се утврди идентитетот на корисниците, се продаваат кориснички податоци, кои можат да се злоупотребат повеќе од еднаш, објасни тој.
Според него, податоците од кредитните картички можат да се купат за пет евра, што овозможува пристап до износи од неколку илјади евра.
Експертот забележа дека компанијата што е хакирата вообичаено губи неколку милиони евра за да ја надмине штетата. Тој извести дека има значително зголемување на измамите со користење на технологијата „deep fake“, кога, на пример, се упатуваат телефонски повици до некого со цел да се измами и се користи глас што наликува на глас на познаник.
Шилерис рече дека во 99 проценти од случаите, кражбата на податоци можела да се спречи со користење на „силни“ лозинки.
Според него, приватните компании, исто така, можат да ги подобрат системите за заштита на базите на податоци со повеќе инвестиции, но засега се обидуваат да понудат евтини услуги на пазарот, а тоа е на сметка на безбедноста.






