Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19

Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19.

Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот.

Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа посочи и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта.

И Интерпол на почетокот од месецот исто така објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19.

Back to top button
Close