Европратеничката Валсман: Партиите заеднички да договорат датум за избори, здравјето да не биде загрозено

Европратеничката Марион Валсман, од Германија, од ЦДУ на Ангела Меркел, вели дека политичките партии во Македонија треба да испратат порака за единство и лидерство.

„Сега, во период на неизвесност, С. Македонија мора да им даде на граѓаните знак на единство и лидерство: сите партии треба да дејствуваат унисоно за да најдат нов датум за избори. Сепак, безбедноста на граѓаните доаѓа на прво место. 👉 Здравјето на гласачите и организаторите не може да биде загрозено, ниту да ја загрози демократијата со тоа што нема да се најде консензус за нов датум за избори. Ги повикуваме сите страни да обезбедат учество на целосен тим од ОБСЕ за набудување на изборите од почетокот на кампањата“, пишува Валсман.

Back to top button
Close