Европратениците ги одобрија извештаите за Турција, Србија и Косово

Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур ги одобри извештаите за Турција, Србија и Косово за 2023 и 2024 година.

Извештајот за Турција, подготвен од известувачот на ЕП за земјата, шпанскиот европратеник Начо Санчез Амор, беше одобрен со 367 гласа „за“, 74 „против“ и 188 „воздржани“.

Извештајот беше усвоен со неколку измени, меѓу кои и со вметнување параграф за осуда на посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на т.н. Турска Република Северен Кипар.

„За“ извештајот за Србија, изработен од известувачот на ЕП за земјата, хрватскиот европратеник Тонино Пицула, гласаа 419 европратеници, 113 беа „против“, а 88 се „воздржаа“ од гласање.

Извештајот за Косово на известувачот на ЕП, естонскиот европратеник Рихо Терас, беше „поддржан“ од 353 европратеници, 145 гласаа „против“, а 78 беа „воздржани“.

Гласањето следеше по синоќешните дебати во Европарламентот по Предлог-извештаите за трите земји, на кои воведни обраќање имаа еврокомесарката за проширување Марта Кос и тројцата известувачи Санчез Амор за Турција, Пицула за Србија и Терас за Косово.

 

Back to top button
Close