Европратеникот од ковид оргијата во Брисел е Унгарец од партијата на Орбан

 

Унгарските медиуми потврдија денеска дека европратеникот фатен во ковид оргија во центарот на Брисел од страна на полицијата додека траат рестрикциите поради вирусот, е Јосеф Сајер од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сајер е познат како ултраконзервативен, тој попладнево издал соопштение со извинување до неговото семејство и неговите гласачи поради учество во „приватна забава“.

Во ковид оргијата откриена викендов од страна на бриселската полиција учествувале 25 мажи, меѓу кои и европски дипломати. Европратеникот Сајер се обидел да избега кога пристигнала полицијата, а потоа пробал да се оправда со парламентарниот имунитет.

Back to top button
Close