Европската Унија сакала да ја затвори канцеларијата на ЕРАЗМУС поради Петар Богојески

Брисел барал од МОН И Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да се исполнат одредени услови, во спроивно истата ќе биде суспендирана или затворена, потврдиле од Брисел за Инфомакс.

Инфомакс вчера пишуваше за разрешувањето на Петар Богојески од позицијата директор на Националната агенција и кои се причините.

Во текстот порталот наведе дека заминувањето на Богојески од институцијата не е поради, како што вели тој, надградба на коалицискиот договор, туку по барање на Брисел бидејќи ЕУ го смета за несоодветен избор за таа позиција.

Инфомакс уште пред неколку недели доби информации дека до Министерството за образование и наука и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност едека имаат рок од 30 дена да исполнат низа таксативно наброени услови доколку не сакаат суспензија или целосно затворање на агенцијата во Македонија и прекин на поддршката од Брисел.

Меѓу условите, според нашите извори е и промена на директорот, Петар Богојески, кој денеска соопшти дека поради „надградбата на коалицискиор договор“ си заминува од таа позиција.

Според порталот на 25 мај во МОН добиле писмо од Европска комисија, дека имаат 30 дена рок за агенцијата да не добие суспензија да ги спроведе корективните мерки, покрај забелешката за промена на директорот, од Брисел не се задоволни и дека не е покренат случај за злоупотреба на 2,2 милиони, пари кои се испумпувани пари од повеќе училишта преку една организација, стар случај за кој веќе има кривична пријава.

Медиумите претходно во 2024 година пишуваа за поврат на 2,2 милиони евра кој ќе треба да го изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“.

Националната агенција, минатата годинс добила известување за конечност на одлуката откако претходно на 30 ноеври 2023 година по електронска пошта од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) биле информирани за барањето за поврат.

Оваа информација тогаш ја соопшти тогашниот директор на Агенцијата, Марко Ѓоргиевски.

Што следува доколку нашата држава не ги исполни условите од Брисел? До 2027 нема да имаме средства кои инаку ги добиваме од ЕУ, освен средствата за плати на вработените. Дополнително ангажираните со договор за дело ќе останат без работа, бидејќи за нив нема да добиваме средства за исплата на платите.

Исто така можно е Брисел да бара да се вратат средствата кои ги добиваме од 2020 година до денес, што е околу 7 милиони евра годишно или 35-40 милиони евра.

Денес добивме одговор од портпаролот на Евроспаката комисија задолжен за образование.

– „Европската комисија е известена од Министерството за образование на Северна Македонија за назначувањето на нов директор на „Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“ во Северна Македонија.

Оваа агенција, назначена од Министерството за образование и наука, е одговорна за спроведување на програмите Еразмус+ и Европски корпус за солидарност под индиректно управување во Северна Македонија.

Комисијата (Европската комисија) не беше вклучена во процесот на избор и номинирање (на директорот). Комисијата контактираше со националниот орган во Северна Македонија и изрази загриженост во врска со ова назначување поради потенцијални судири на интереси и етички прашања, врз основа на неколку законски рамки, вклучувајќи ја Регулативата Еразмус+, Регулативата за Европски корпус за солидарност, Финансиската регулатива на ЕУ и Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија.

Комисијата е во понатамошен дијалог со властите на Северна Македонија. Комисијата е посветена на почитување на највисоките етички и морални стандарди во корист на сите учесници во овие програми. Доколку овие забелешки не се решат соодветно, Комисијата е подготвена да ги оствари своите права според правото на ЕУ.“ – стои во одговорот од Брисел за Инфомакс.

Практично, од Брисел потврдија дека доколку не се исполнат условите канцеларијата за Македонија ќе биде затворена, односно Комисијата ќе ги оствари своите права согласно правото на ЕУ.

Во одговорот загрижувачки се и областите за кои Брисел има забелешки, а тоа се потенцијални судири на интереси и етички прашања, врз основа на неколку законски рамки, вклучувајќи ја Регулативата Еразмус+, Регулативата за Европски корпус за солидарност, Финансиската регулатива на ЕУ и Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија.

Инаку, согласно Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност е, Управниот одбор го назначува директорот.

За избор на директорот се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Директорот се избира за време од пет години и може повторно да биде избран само уште еден мандат.

За директор на Националната агенција може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) е државјанин на Република Македонија;

2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна

или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование

и

4) има минимум пет години работно искуство;

 

5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за

активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

 

ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,

ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,

ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).

Back to top button
Close