Европски лидери: Данска и Гренланд треба да одлучат за својата иднина


Лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска денеска издадоа заедничко соопштение за Гренланд, во која се наведува дека арктичката територија ѝ припаѓа на Данска.

„Данска и Гренланд, и само тие, треба да одлучат за прашања кои се однесуваат на нив“, се вели во соопштението на европските лидери, пренесува „Гардијан“.

Европските лидери, исто така, наведоа дека заедно со другите сојузници, „го зголемиле присуството, активностите и инвестициите за да ја осигурат безбедноста на Арктикот и да ги одвратат противниците“.

Back to top button
Close