Европски суд разгледува политика за враќање мигранти

Помалку од 40 проценти од мигрантите со нерешен статус на кои им било наредено да ја напуштат ЕУ, замминуваат во својата држава или трета земја, особено заради тешката соработка со тие земји, оцени денеска Европскиот ревизорски суд.

Тој суд објави дека ќе ја разгледа ефикасноста на мерките донесени од Европската комисија од 2015 година за олеснување на „реадмисијата“ и „враќање“ на мигрантите.

– Прашањето за најдобриот начин за управување со миграцијата се поставува како прашање на итност за ЕУ ​​и нејзините земји-членки, изјави Лео Бринкат, член на судот надлежен за таа ревизија, што ќе биде објавена во летото 2021 година.

Европската комисија треба да го претстави долгоочекуваниот предлог за реформа на азилот и миграциската политика во септември.

Во просек, околу 500.000 странци секоја година добиваат налог да ја напуштат Европската унија од 2008 година затоа што влегле или останале нелегално, соопшти судот.

Околу 38 отсто се враќаат во својата држава на потекло или последната земја транзитна пред влезот во ЕУ. Овој просек е под 30 проценти за враќање во земји надвор од европскиот континент.

Станува збор за доброволно и присилно враќање, додаде судот.

Европската комисија започна акциски план во 2015 година, а потоа го обнови во 2017 година, а планот содржи препораки за ефикасност на тие враќања.

Back to top button
Close