Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа

Коалицијата Европски фронт до Собранието поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа. Пратеникот Скендер Реџепи од Европски фронт на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека резолуцијата е донесена тргнувајќи од основните принципи на човековите права и меѓународното хуманитарно право, моралната и правна одговорност на меѓународната заедница да се спротивстави на кршењето на правото на живот и достоинство на луѓето.

Алармантната ситуација во Појасот Газа, која значително се влошува како последица на блокадата и пречките за влез на хуманитарната помош и длабоката загриженост против страдањето на цивилното население во Газа, особено жените, децата и постарите лица.Затоа предлагавме до Собранието да ја донесе следната резолуција за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Решително ја осудуваме хуманитарната блокада спроведена од Израел врз Појасот Газа и ја сметаме за забранета форма на колективно казнување според меѓународното право. Итно бараме од Израел да овозможи, без одлагање, влез на хуманитарната помош, храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во Појасот Газа, во согласност со меѓународното право – рече Реџепи.

Тој додаде дека изразуваат длабока солидарност со палестинското население во Газа.

Back to top button
Close