Европскиот фронт со Бујар Османи ќе го „урива“ бастионот на Меџити и Ганиу во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат на Европскиот фронт за градоначалник во скопската општина Чаир, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово на претстојните локални избори.

 

Ова беше соопштено денеска по 21. седница на Централното претседателство на ДУИ, што се одржа во Тетово.

 

Освен ДУИ, кандидати за градоначалници во коалицијата Европскиот фронт имаат и Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села, како и другото крило на оваа партија, предводено од Арбен Таравари.

Ова не е политичка функција, ова е лична одговорност кон моите соседи, кон иднината на нашите деца. Сакам Чаир да биде дом во кој достоинството ќе биде секојдневие“, реагираше на фејсбук Бујар Османи.

Тој додаде дека на Чаир му се потребни „вистински, длабоки и човечки промени“, со јасна порака дека не бега од предизвици:

„Како што пораснав јас во Чаир, сакам тука да растат и Мал, и Елиза, и малиот Луан и нивните другарчиња.“

Османи вети отворена и достапна локална власт, професионализам и посветена работа, со цел да се врати достоинството на Чаир и граѓаните конечно да добијат третман каков што заслужуваат.

Со оваа кандидатура, политичката сцена во Чаир добива нова димензија – лична, емотивна и исполнета со силна волја за промена.

Back to top button
Close