Европскиот парламент побара санкции против Додик и неговите соработници

Европскиот парламент го осуди сецесионизмот на српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик, па го повика Европскиот совет да воведе санкции за лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, како и за неговите соработници.

– Се повикува Советот да наметне санкции за Милорад Додик и неговите сојузници, поради неговите коруптивни активности, континуирана дестабилизација на земјата и поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, се наведува во амандманот од годишниот извештај на Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент,јави сараевскиот портал „Кликс“.

За амандманот гласаа 504 пратеници, против 93, а 72 се воздржаа од гласање.

Во амандманот, остро се осудуваат „неуставните сецесионистички мерки на властите на Република Српска“, а целта е, како што се наведува, формирање паралелни институции на подрачјето за медицина и медицински производи, правда, одбрана, безбедност и оданочување.

Со тоа, како што пишува, ги поткопуваат државните структури на Босна и Херцеговина, создава егзистенцијална закана кон нејзиното единство и територијален интегритет.

Се осудува и „штетната улога на регионалните актери и надворешното мешање на Русија“.

Back to top button
Close