Европскиот пат на С Македонија и Албанија е позитивна разврска на француското претседателство, смета француската министерка Колона

epa10164516 Greek Foreign Minister Nikos Dendias (L) welcomes Foreign Minister of France, Catherine Colonna (R), during their meeting in Athens, Greece, 06 September 2022. Foreign Minister of France is in Athens on a working visit. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU
Шефот на грчката дипломатија, со кого денеска се сретна француската шефица на дипломатијата, истакна дека Грција и Франција практично го поддржуваат проширувањето на Европската Унија со земјите „кои ги прифаќаат истите принципи и вредности“

Шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона / Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU
Поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан изразија шефовите на грчката и француската дипломатија Никос Дендиас и Катрин Колона на нивната денешна средба во Атина, а министерката за надворешни работи на Франција го спомена европскиот пат на Северна Македонија и Албанија како позитивна разврска на француското претседателство, јави дописничката на МИА од Атина.

„Се осврнавме и на Западен Балкан, на поддршката на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, едно од позитивните разврски и достигнувања на француското претседателство“,

рече Колона и паралелно го поздрави и договорот меѓу Белград и Приштина за слободно движење.
Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција и Франција практично го поддржуваат проширувањето на Европската Унија со земјите „кои ги прифаќаат истите принципи и вредности“.

„Во овој контекст, разговаравме за Западен Балкан. Нагласив дека европската интеграција претставува пат во една насока за консолидирање на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Грција ќе продолжи да го поддржува овој процес и активно да придонесува“,

порача Дендиас.
Шефовите на двете дипломати во изјавите по нивната средба се задржаа на ситуацијата во Украина, но и на грчко-турските односи, а Колона ја изрази целосната поддршка на Франција за Грција во случај на ескалација на тензиите со Турција.

Back to top button
Close