Европскиот суд ја прифати жалбата на разрешената судијка Лидија Неделкова

Европскиот суд за човекови права ја прифати жалбата на поранешната судијка и претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, која оправдано се жали за разрешувањето од судиската функција.

Во оформениот предмет ќе се преиспитува законитоста на нејзиното разрешување од Судскиот совет, кој ваква одлука донесе минатата година.

Неделкова верува дека се повредени нејзините права и е незаконски разрешена, а преиспитување на ваквата одлука можеше само во Европскиот суд за човекови права.

Back to top button
Close