Европскиот суд ја укина „државната помош“ за Реал Мадрид и Барселона
04.03.2021 22:09
385 Читање помалку од 1м
Законот усвоен во шпанскиот Парламент во 1990 година ги обврзуваше сите професионални фудбалски екипи да се трансформираат во спортски акционерски друштва, со исклучок на оние чии финансиски резултати биле претходно позитивни. Реал Мадрид, Барселона, Атлетик Билбао и Осасуна беа во плус и го задржаа статусот на непрофитни организации, односно здруженија на граѓани.Поради тоа, нивната добивка беше оданочувана по пониска стапка од 25, наместо 30 отсто колку што плаќаат сите други клубови трансформирани во компании. Разлика во оданочувањето траеше до 2016 година.Донесувајќи ја одлуката, Европскиот суд оцени дека даночниот закон за шпанските фудбалски екипи е во спротивност со регулативата на ЕУ и претставува „државна помош“.