Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Унгарија

Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Унгарија, со која се оспорува постапката која против оваа земја ја покренаа пратеници поради кршење на заедничките вредности, се наведува во судската пресуда.

Во септември 2018 година европски пратеници гласале за преземање мерки против Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан поради наводно поткопување на демократските вредности на ЕУ и владеењето на правото.

Со гласањето е препорачано активирање на процедура по таканаречениот член 7 од договорот за функционирање на ЕУ, според кој Унгарија може да се казни со одземање на правото на глас.

Европските пратеници ја изразиле својата „загриженост“ поради слободата на медиумите, академските слободи, малцинските права, па дури и независноста на судството.

Унгарија потоа поднесе жалба на оваа одлука, сметајќи дека Парламентот требало да ги земе предвид воздражите и да осуди „политичко мотивирано“ гласање.

Во денешното соопштение на Судот на правдата на ЕУ се наведува дека големиот судски совет ја отфрла жалбата на Унгарија.

Back to top button
Close