Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на скопјанката Мирјана- Посвоените деца имаат право да ги дознаат биолошките родители

Македонското здружение на млади правници – МЗМП информира дека Европскиот суд за човекови права донесе значајна пресуда по повод жалбата на г-ѓа Митровска, со која се упатува на неможноста да добие информации во врска со нејзиното посвојување. Постапката беше иницирана од страна на МЗМП, а жалителката е застапувана од адвокат Павлина Зефиќ.

Со жалбата се аргументираше повреда на член 8 од Европска конвенција за заштита на човекови права со кој се гарантира правото на почитување на приватен и семеен живот. Оваа пресуда е особено значење бидејќи упатува на правото на секој да знае кои се биолошките родители, како и да се има пристап до информации поврзани со здравјето, што севкупно е вклучено во опфатот на приватниот живот. Оттука, последиците кои оваа пресуда ќе ги наметне ќе предизвикаат итна и неодложна промена на Законот за семејство.

Станува збор за случајот на г-ѓа Митревска, која е посвоена уште додека била дете, на непрецизиран датум во постапка за целосно посвојување. Таа од надлежни институции побарала определени информации, како: нејзиното родено име, место на раѓање и информации за нејзините биолошки родители. Овие информации и биле потребни поради медицински и здравствени причини. Но, информациите никогаш не и биле дадени поради добиени образложувања дека завршените посвојувања се сметаат за службена тајна. Со пресудата, Судот упатува на прешироко поставената одредба од член 127-а на Законот за семејство со која е предвидено дека сите информации во однос на целосно посвојување претставуваат службена тајна. На овој начин Судот со пресудата потврдува дека индивидуалните околности на апликантката да го знае нејзиното потекло особено нејзиниот интерес да добие информации поврзани со нејзиното здравје, не се земени предвид од страна на македонските власти.

Во РСМ, законската рамка и практики по кои се спроведува посвојувањето се сложени и се водат исклучиво по правото на приватност, најдобар интерес на детето и потребата за транспарентност и одговорност во административните процедури. Законот за семејство утврдува дека целосното посвојување ги прекинува правата и одговорностите помеѓу посвоеникот и поранешното семејство, и информации за посвојувањата претставуваат службена тајна. Законот за посвојување пак од своја страна, не содржи одредби во врска со тајноста на информациите поврзани со посвојувањето. Законот за општа управна постапка го воспоставува принципот на пропорционалност во управните постапки преку кој обезбедува заштита на правата и правните интереси на инволвираните страни. Кривичниот законик предвидува казни за јавно објавување на информации класифицирани како службена тајна. Во линија на вака поставената законска рамка, праксата е одбивање на секој заинтересиран кој бил посвоен да пристапи кон евиденцијата и информациите за спроведено посвојување, што беше потврдено и со одлуката на Уставен суд да не поведе постапка за уставна оцена на членот 123-а од Законот за семејство со кој се наметнува тајноста на податоците.

 

На овој начин, со пресудата на ЕСЧП во предметот Митревска против Северна Македонија, уште еднаш се враќа вниманието на Конвенцијата за правата на детето што е дел од нашиот правен поред, како и на Конвенцијата за заштита на децата и соработка во однос на посвојувањето меѓу државите, и се истакнува важноста од зачувување на идентитетот на детето и обезбедување пристап до информации во врска со неговото потекло

Back to top button
Close