Европските лидери не им веруваат на американските преговарачи за Украина

– Белешките од конференцискиот повик помеѓу германскиот канцелар, претседателот на Франција и на Украина и други европски лидери за мировните преговори помеѓу Русија и Украина, во кои увид имал германскиот весник Шпигел (Der Spiegel), укажуваат дека Европејците не им веруваат на САД.

Според белешките претседателот на Франција, Емануел Макрон предупредил дека САД би можеле да ја предадат и Украина и Европа.

Постои можност САД да ја предадат Украина на територијата без јасни безбедносните гаранции, навел Макрон додавајќи оти украинскиот претседател Володимир Зеленски е во „голема опасност“.

Додека според Шпигел, германскиот канцелар Фридрих Мерц го предупредил Зеленски следните денови да биде „многу внимателен“.

„Тие си играат со вас и со нас“, изјавил Мерц, веројатно мислејќи на двајцата американски преговарачи – магнатот за недвижности Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Иако европските лидери јавно постојано ја фалат новата мировна иницијатива на Вашингтон, документот открива дека, покрај Мерц и Макрон и другите европски учесници во повикот не им веруваат на американските преговарачи.

Back to top button
Close