Евростат: Албанија последна во Европа по средствата издвоени за здравствениот сектор

Статистичката служба на ЕУ (Евростат) во последната анализа наведува дека Албанија е на последното место во Европа според трошоците издвоени за здравствениот сектор, дури и со многу голема разлика од претпоследната земја.

-Во 2018 година, Албанија одвоила 2,9 отсто од бруто домашниот производ(БДП) за здравството, што подразбира дека земјата троши четвртина од европскиот просек во овој сектор. Слабостите на земјата се поврзани со слабите показатели за остварување на приходите во однос на БДП, стои во анализата.

Според податоците на Евростат, земјите од ЕУ минатата година оствариле, во просек 41,1 отсто од приходите од БДП, додека Албанија само 27,4 отсто.

-Албанија спаѓа во групата европски земји како Косово и Романија кои имаат мала фискална ефикасност, како резултат на слабостите во прибирањето приходи. Покрај тоа, во Албанија се влошени резултатите во 2019 година, бидејќи приходите во однос на БДП се намалиле за 0,2 процентни поени,се наведува понатаму.

Поради слабите фискални резултати, Албанија нуди најниска буџетска поддршка во однос на БДП за сите сектори, вклучително и приоритетните како што се

образованието, здравството, социјалната заштита, јавната безбедност итн.

Во просек, во ЕУ, во 2018 година трошоците за здравствена заштита изнесуваа 9,9 отсто од БДП. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголемите удели се забележани во Германија (11,5% од БДП) и Франција (11,3%), и Шведска ( 10,9%).

Спротивно на тоа, најниско учество во трошоците за здравствена заштита е забележано во Луксембург (5,3% од БДП), Романија (5,6%) и Албанија со 2,9%.

Од земјите во регионот, најмногу средства за здравствениот сектор се издвојува во Босна и Херцеговина, која минатата година издвоила 8,8 отсто од БДП. БиХ, исто така, има најголеми трошоци во сите сектори во споредба со другите земји во регионот, бидејќи остварува повеќе приходи во однос на БДП, околу 43 отсто

Back to top button
Close