Евростат: Месото најмногу поскапело во Бугарија

Во февруари цената на месото во ЕУ се зголеми за 3,3 отсто на годишно ниво, пренесува европската статистичка агенција Еуростат.

Најмногу поскапе свинското месо – 5,7 отсто, потоа јагнешкото и козјото (+4,5 отсто) и говедското и телешкото (+3 отсто). Од друга страна, пилешкото месо е поевтино за 1,6 отсто во однос на февруари 2023 година.

Во текот на изминатите три години, просечната годишна инфлација на цената на месото беше најтешка помеѓу април 2022 година и март 2023 година и изнесуваше околу 10 проценти.

Инфлацијата беше највисока во февруари 2023 година – 17,3 отсто. Годишното поскапување на говедското, телешкото, јагнешкото и козјото во сите три години се задржа под 15 проценти, додека посериозни флуктуации забележаа пилешкото и свинското месо. Во ноември 2022 година пилешкото поскапе за 24,4 отсто, а во февруари 2023 година свинското месо скокна за 18,8 отсто.

Во февруари 2024 година, повеќето земји-членки на ЕУ пријавиле зголемување на цената на месото во споредба со истиот месец минатата година. Најголема е во Бугарија – 8,2 отсто, потоа Романија (+7,7 отсто) и Хрватска (+7,1 отсто). Три земји пријавуваат намалување на цените – Чешка (-5,1 отсто), Финска (-2,2 отсто) и Данска (-0,6 отсто), пишува порталот Новините

Back to top button
Close