Евростат: Во Албанија приходите по глава на жител 31отсто од европскиот просек

 Албанските граѓани во текот на 2019 година имале приход по глава на жител 31 отсто од европскиот просек, процент кој не е променет во однос на 2018 година, посочуваат резултатите од истражувањето што го објави  Евростат.

„Според експертите, непроменетото ниво покажува дека економскиот раст во Албанија не се рефлектира во приходите на домаќинствата. Во извештајот се наведува дека Босна и Херцеговина ја остави зад себе нашата земја, бидејќи бележи пораст на приходите по глава на жител, во однос на2018 гоидина, пренесува Ора њуз.

Во однос на тековната индивидуална потрошувачка, која ја мери благосостојбата на членовите на семејството и е изразена според еднаквоста на куповната моќ, Албанија резултира со најниско ниво во Европа, со 40 проценти од просекот на Европската унија.

Црна Гора се смета за земја со најголема потрошувачка во регионот, но сепак на ниво од 60 проценти од европскиот просек.

Луксембург е земја со најголем приход и потрошувачка по глава на жител во Европската унија, додека најсиромашна е Бугарија.

Истражувањето било спроведено во 37 земји,а во него не било вклучено Косово.

Back to top button
Close