EXPRES (ВИДЕО) Русокоса газдарица дели боксови во кал – Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка. Ќе ја заузда ли некој привилегираната “убавица“
Во битката за субвенции и крави летаат боксови и пцовки ,објави expres mk

Ескалира ,,Кравјата криза” во Крива Паланка откако денеска русокосата газдарица на стотици крави почна да дели боксови во кал.
Инцидентот се случил во селото Добровница каде кравите, кои со години шетаат слободно низ поширокото подрачје на Крива Паланка, изеле огромна количина зелка на приватни земјоделци кој живеат од нејзина продажба.
Откако кравите биле затворени од оштетените земјоделци и биле повикани инспектори на Агенцијата за храна и ветерина во селото дошла газдарицата со цел да го земе добитокот.
Во инцидентот се гледа како газдарицата му удира бокс на земјоделецот кој останал без зелка.
,,Ѓорѓиевска Јулијана мис во акција на писта.
Бараме одговорност од AXВ
MВР да постапи согласно законот
Кравите направиле пустош на имот на земјоделци во с.Добровница-Крива Паланка. Уништиле 25.000 кг зелка. Совесни зејоделци ја собрале стоката во штала, по што ги известиле надлежните од АХВ. Во меѓувремено пристигнале поранешните сопственици и насилно се обиделе да го ослободат добитокот. Кравите прават пустошат низ Паланечките села и градот повеќе години”, пишува во објавата на социјалните мрежи.
преземено од expres mk
либертас дополнето
Градонаќалникот на Крива Паланка повеќе години интервенира во државните институциите и преку медиумите но никој не реагирал.
Градоначалникот на Крива Паланка неколку пати има упатувано апел кравите сопствениците да си ги приберат затоа што веќе неколку години се пуштени сами, се движат низ селата и им прават големи штети на земјоделските насади а веќе влегуваат и во градот Крива Паланка и таму прават прават многу штета на зелените површини во градот ја нарушуваат безбедноста на сообраќајот и на граѓаните. Посебно се опасни бидејки се движат и по мегународниот автопат кон преминот за Бугарија но никој не реагирал на неговите барања во име на жителите како што велат за Либертас мештаните.
Кравите се пуштени сами,сопственичката Јулијана која поголемиот дел од годината во поминува во странство и нејзиниот татко кој наводно е вработен во МВР не реагираат,се однесуваат бахато кон мештаните на кои нивните крави им прават огромни штети нити пак реагираат на општинските инспекции зата што наводно Јулијана била блиска до владеачката партија па дури и ја имало на политички спотови за последните парламентарни избори,ангажирана од владеачката ВМРО ДПМНЕ.






