„Фајненшл тајмс“: ЕУ со санкции за 27 Руси, при руска агресија врз Украина

Земјите од Европската унија планираат да воведат санкции против 27 Руси, доколку дојде до евентуална руска „агресија“ врз Украина, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два информирани извори.

Според изворите, сличен предлог за проширување на листата на санкции, во случај на ескалација на кризата, дала и дипломатската служба на ЕУ.

Истовремено, како што тврдат изворите, Полска и нејзините поддржувачи предложиле проширена листа со 55 руски претставници. Прелиминарната листа на санкции ќе се прочистува во зависност од конкретната ситуација, нагласува весникот.

Back to top button
Close