„Фајненшл тајмс“: Иран ќе ја нападне Бугарија ако Трамп одлучи да ја ескалира војната?


Иран ќе повлече таков потег доколку американскиот претседател Доналд Трамп одлучи повторно да ја ескалира војната и да нареди напади врз иранската инфраструктура, тврдат извори блиски до властите во Техеран за „Фајненшл тајмс“.

– Ако САД отидат предалеку, Иран ќе се брани по секоја цена; ќе излезе надвор од регионот и ќе ја нападне и Европа – изјави еден од изворите, нагласувајќи дека Техеран нема намера да поставува какви било ограничувања на својот одговор во случај на нов американски напад.

– Advertisements –

Два извора запознаени со размислувањата во рамките на иранскиот систем тврдат дека воените структури веќе ги процениле можностите за напади врз американски објекти во Југоисточна Европа.

Посебно се спомнува Бугарија, која минатиот месец го одобри привременото распоредување на американски авиони-цистерни во воената база „Безмер“.

Парламентот во Софија го одобри доаѓањето на осум авиони „КЦ-135“ и најмногу 250 американски војници во периодот од 24 јули до 1 октомври.

Тогаш Иран ја предупреди Бугарија дека користењето на нејзината територија за американски воени операции против Техеран би можело да се толкува како соучесништво во нападите.

Бугарските власти одговорија дека од нивната територија нема да се користи офанзивно оружје и дека земјата нема да стане учесник во војната.

Друг извор наведе дека меѓу можните цели е и Кипар, каде што Велика Британија има воена база во Акротири.

Таа база веќе беше цел на напад на почетокот на март, кога беспилотно летало од иранско производство удри во пистата и предизвика помала штета. Кипарските власти тогаш изјавија дека леталото најверојатно било лансирано од Либан – област под влијание на Хезболах – а не директно од Иран.

0 comments 0

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close