„Фајненшл тајмс“: Украинските напади врз два нафтени терминали ја чинат Русија околу 970 милиони долари

Руските извозници на енергенси од 23 до 29 март изгубија приближно 970 милиони долари поради неодамнешните украински напади со дронови врз главните руски нафтени терминали Уст-Луга и Приморск во Балтичко Море, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Приморск и Уст-Луга сочинуваат повеќе од 40 проценти од рускиот извозен капацитет за сурова нафта по морски пат.

– Само во Приморск, при нападите уништена е нафта во вредност од 200 милиони долари, истакна „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименуван западен безбедносен службеник.

Според британскиот весник украинските напади „ја нарушија способноста на Русија да го искористи растот на цената на нафтата, поттикнат од војната на Блиски Исток и ја истакнаа слабоста на руската одбрана од дронови.

Аналитичарот за сурова нафта во „Сил АИ“, Владимир Никитин наведе дека извозот на нафта би можел да почне за неколку недели, а реконструкцијата на запалените резервоари би можело да трае неколку месеци реконструкција без да се влијае на извозот.

Според Никитин поправките на преработувачките линии на терминалот „Новатек“ во Уст-Луга би можеле да траат повеќе од еден месец.

Back to top button
Close