Фактор: По долги преговори, „Пуцко Петрол“ на Јахоски го купи земјиштето на „Алумина“ за 18 милиони евра
Голема трансакција се случила пред околу две недели во земјава. По долги преговори, нафтената компанија „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“, од околу 42 илјади метри квадратни. Според сознанијата на Фактор, за ова земјиште, кое се досега беше во сопственост на израелската компанија „Газит глоуб“, од „Пуцко Петрол“ платиле сума од 18 милиони евра, но со платените даноци и другите давачки, всушност оваа зделка ја чинела компанијата околу 24 милиони евра.
Инвестицијата за Фактор ја потврди и првиот човек на компанијата, Асмир Јахоски. Асмир Јахоски е син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски. Во моментов, Асмир Јахоски е целосен сопственик на „Пуцко Петрол“, односно тој поседува 100 отсто од акциите на компанијата. За Фактор, Асмир Јахоски вели дека во време на глобална пандемија и економска криза, компанијата решила да инвестира дома. Целта, според него, е да се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.
Целиот текст на Фактор.мк