Факултетот за ветеринарна медицина во Белград почнува со целосна блокада


Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград изгласаа за целосна блокада на наставата. Тоа е прв фалултет во главниот град на србија што објави дека стапува во блокада откако почна на 3 ноември официјално новата учебна година.
Во изјава за белградски медиуми еден од студентте од тој факултет вели дека постојат многу причини за таа одлука.
„Ниту едно од барањата што ги имавме не беше исполнето. Постојано баравме избори, ќе продолжиме, се уште нема најава дека ќе бидат распишани. Би додал и нови, постојана репресија во изминатите 11 месеци, чија цел беа претежно студентите, но и многу поширокото граѓанство“, вели стусентот во изјава за Тв Н1.

Според него, на пленумот е изгласано дека блокадата на тој факултет ќе биде додека не се исполнат барањата.
Засега нема реакции ниту одлуки на други факултети во Белград за евентуално блокирање на наставата. .

Тој објасни дека на нивниот факултет од самиот почеток, од декември лани, блокадата функционирала според принципот на 24-часовна блокада, што значи дека еден од нив е секогаш таму, и гласале за тоа, вели тој, дури и сега.

Back to top button
Close