Фалсификуваната книга од Општина Чаир уште лани била однесена во Обвинителство – Кој ги штити Ганиу и Меџити?
Година дена ОЈО Скопје не презема ништо за предмет поврзан со фалсификување на деловодна книга во Чаир.
По допрен глас врз основа на медиумски написи е отворен предмет во врска со фалсификувсна деловодна книга со архивски броеви за легализација на обејкти во општина Чаир во која има стотина архивски броеви помалку од онаа која што во моментов се користи во општина Чаир, велат од ОЈО Скопје за Инфомакс.
– Предметот се постапува и се преземаат дејствија на проверки, обезбедена е обемна писмена документација и тоа како од општина Чаир, така и од Министерството за транспорт и врски на РСМ, од Државниот управен инспекторат на РСМ, но и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Истовремено, во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лице од општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Чаир, со тоа што овој процес на обезбедување на вербални докази е сеуште во тек.
По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука, велат од ОЈО Скопје за Инфомакс.
Случајот, според информациите на Инфомакс е пријавен во ОЈО Скопје, а пријавителите имаат дадено и изјави за случајот. Што се случува во Општина Чаир? Општината Чаир има регуларна деловодна книга, по што, според пријавата во ОЈО, се прави фалсификувана деловодна книга, каде од Општина Чаир препишуваат се од регуларната во фалсификуваната деловодна книга. Во фалсификуваната книга се остава и простор за бројчиња на предмети од 2011 година, за легализација на дивоградби.
Според информациите на Инфомакс, во Обвинителството е однесена регуларната деловодна книга, а од ОЈО Скопје, односно обвинителката Емилија Мизо повеќе од година дена не отишла во Општина Чаир за да ја собере од таму и фалсификуваната деловодна книга. Овој криминал не го опфаќа само актуелниот градоначалник Висар Ганиу и актуелното раководство на Општина Чаир, туку би требало ОЈО Скопје да ја истражи и улогата на поранешниот градоначалник, а актуелен вице-премиер Изет Меџити.
Обвинителката Емилија Мизо инаку е во роднински врски со Виктор Мизо, поранешен директор на ТИРЗ.
Дивоградбите во Чаир станаа одобено актуелни откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави дека во Чаир регистрирале над 100 дивоградби и истата побара ОЈО итно да реагира.
Преземено од Инфомах мк