Фани Каранфилова Панова- Премиерот праќа јасна порака дека и Устав и закон е неговата воља да владее апсолутистички
Фани Каранфилова Панова потпредседател во СДСМ – фејсбук статус
Институтот пратенички прашања служат за тоа пратениците, кои се избрани од граѓаните и ги претставуваат во Собранието, да ја преиспитуваат и контролираат работата на извршната власт – т.е. на премиерот и неговиот кабинет министри. Тие пак – премиерот и министрите по устав и по закон имаат обврска само и единствено, во став мирно, да одговараат на поставените прашања и да даваат отчет за сработеното! Затоа што премиерот и министрите одговараат пред пратениците, односно граѓаните од кои се избрани за да им служат! Така е тоа во демократски и цивилизирани општества. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт, дефинитивно не е тоа.
Денешната злоупотреба на собраниската говорница од страна на премиерот Мицковски, кој наместо да одговори со факти и аргументи на прашања од пратеник и лидер на опозиција, одбра да се заканува со тоа кој требало да оди во затвор и зошто, е недопустиво и таквата пракса не смее да се нормализира и да се релативизира. Не затоа што било кој лично му се плаши, туку затоа што тоа претставува опасност по демократската држава, нејзините институции и слободните граѓани.
Премиерот кој отворено, без кочници, на собраниска говорница, по не знам кој пат, жестоко демонстрира како тој ја разбира својата апсолутна извршна власт, бидете сигурни е подготвен така и да владее.
Апсолутистички!
Премиер, кој си дозволува да биде и истражен орган, и обвинител, и судија и да се заканува, пред тие, пред коишто треба понизно да одговара за својата работа и сработеното, не само што покажува дека воопшто не го интересира кое му е местото и улогата, согласно уставот и законот, туку праќа јасна порака дека и устав и закон на Република Северна Македонија е вољата на премиерот Мицковски!
Ова драги мои граѓанки и граѓани е многу сериозно. Денеска беше Филипче, вчера беше Тренчевска, а и вчера и денес и утре е секој еден од нас!






