Фараж поднесе оставка од функцијата пратеник


– Лидерот на британската Реформска партија, Најџел Фараж денеска поднесе оставка од функцијата пратеник, откако против него беше поведена истрага поради нерегистрирани донации во готово и поддршка.

Фараж посочи дека повторно ќе се кандидира на избори откако „ќе го исчистат неговото име“.

– Не сум направил ништо лошо. Не сум го прекршил законот на никаков начин. Не сум злоупотребил јавни пари, посочи Фараж.

Тој оцени дека истрагата „се користи како политичка алатка“.

Фараж е под истрага од страна на парламентарниот комесар за стандарди поради донација од пет милиони фунти што ја добил од милијардерот Џорџ Котрел, британски аристократ и претприемач во крипто-коцкањето, кој отслужил затворска казна во САД поради измама.

Според правилата на Долниот дом, новите пратеници се должни да ги регистрираат сите подароци во вредност поголема од 300 фунти што ги добиле во претходните 12 месеци. ми/

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close