Фатална сообраќајка кај Струмица

На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица стасало пријава за сообраќајна несреќа. На магистралниот пат на делницата од Струмица до с.Дабиље, се судриле патничко возило „пежо” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф” со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина.

 

На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо”. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Back to top button
Close