Фатен работодавач кој не ги пријавил вработените кои работеле во недела  

Инспектори за труд вчера веќе фатиле работодавач кој не ги пријавил вработените кои ги ангажирал да работат неделава, ден кој од денеска законски е неработен. Станува збор за угостителски објект.

Пред камери влегле во објектот и затоа што денеска е прв ден изрекле само опомена, но не и казна. Сепак, ова правно лице веќе е влезено во евиденција. Ако повторно биде откриен да работи во недела ќе плати и казни и објектот ќе биде затворен.

Инспекторатот најчесто постапува по пријава, но денеска постапиле по случаен избор.

За обејктите кои ќе работат во недела, работодавачите најдоцна до сабота треба да поднесат листа со вработени кои ќе работат. Согласно законот, тиа треба да добијат дневница повисока за 50 отсто.

Back to top button
Close