Фатен струмичанец кој превезувал 12 мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против С. Р. (23) од с. Банско, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти.

На 14.8.2020, околу 21.40 часот, на регионалниот пат Струмица – с. Дабиле, на влезот на с. Дабиле, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, при вршење службени дејства, било сопрено патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С. Р., при што во возилото биле пронајдени 12 мигранти, и тоа девет од Сирија и тројца од Палестина.

Back to top button
Close